Јована, Катарина и Михаела се три девојчиња од југот на Македонија кои за прв пат ќе настапат на Интернационаниот детски музички фестивал „Voice of the stars“ што ќе се одржи во Хрватска oд 28 до 30 март гoдинава.
Јована, Катарина и Михаела се ученички по пеење кај професорката по музика Маја Зафирова која е водено и ментор за нивниот настап на Интернационалниот детски фестивал.
Јована и Катарина имаат по 11 години, а Михаела е 14 годишна ученичка.
– „Ученичките Катарина Петрова, Михалела Крантова од Гевгелија и Јована Тасева од Богданци го поминаа елиминациониот прв круг со пратени видео снимки пеење во живо на матрица на „Voice of the stars“ во Хрватска и со тоа тие се избрани официјално да учествуваат на тој натпревар, следната недела. Фестивалот ќе се одржи на 28 до 30 март годинава“ – изјави за GevgelijaNet менторката Маја Зафирова.
Таа веќе ги подготвуваше за настап на сцената пред публика и стручно жири со избор песни во кои доаѓа до израз музичкиот талент.
– „Нашите учеснички од Гевгелија и Богданци ќе настапат на англиски јазик. За свое претставување ги одбраа песните: „I have nothing“ (Витни Хјустон) , „Don’t you remember“ (Адел), „Someone like you“ (Адел)“. Искрено се надеваме на успех“ – вели професорката оптимист, Зафирова.



На Фестивалот ќе настапат над 60 деца од Хрватска, Словенија, Македонија, БиХ, Украина, Белгија, Бугарија, Израел, Романија, а трите претставнички од југот на Македонија ќе ја претставуаат нашата земја и градот Гевгелија.
Им посакуваме среќа и чист глас на нашите музички ѕвезди од Југот!




















