Неделата што измина во Штип се одржа традиционалната детска трка „Децата под Исарот“ наменета за дечиња од 4 до 14 годишна возраст.
На истата учествуваа осум деца од „Школата за атлетика“ при Атлетскиот клуб од Гевгелија „7 Ноември“ и сите остварија одличен резултат, со освоен подиум, медал за врвен резултат и сите се вратија со освоен медал.
Пласматот за 8-те освоени подиуми и 8-те медали го остварија децата:
1. Пепика Дебникова – ПРВО место – 8 години – женска трка на 400 метри
2. Васил Карастојанов – ВТОРО место – 8 год. – машки на 400 метри;
3. Ана марија Митрова – ПРВО место – 12 години, трка женски на 500 метри;
4. Дијана Пајдакова – ТРЕТО место – 11 години – женска трка на 400 метри
5. Томче Петков – ПРВО место – 10 год. – машка трка на 400 метри;
6. Марија Карастојаново – ТРЕТО место – 10 год. женски на 400 м;
7. Мелани Вацев – ТРЕТО место – 7 год. – трка женски на 300 метри, и
8. Костадин Семенаков – ПРВО место – 7 год. – машка трка на 300 метри.
Трките беа поделени по возрасни категории со посебен старт за секоја тркачка категорија. Тркачката траекторија се движеше од гимназијата Славчо Стојменски до мостот кај градската црква. Организаторот најави дека трката има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат донирани.

Важно, секој од учесниците, и нашите деца победници, освен медалите од организаторот добија маичка, пакет производи од спонзорите, Диплома за освоеното место, а за сите учесници и медал за завршување на трката.

Прекрсен спортси и победоносен ден за децата од АК „7 Ноември“ Гевгелија во Штип, на трка во градот под Исарот.


























