ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.П.(24) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
На ден 19.12.2022 година (понеделник) во викенд куќа во гевгелиско село, пријавениот физички нападнал 24-годишна девојка од Гевгелија, по што со закана со остар предмет извршил обљуба врз неа.
Во текот на вчерашниот ден Д.П. беше изведен пред судија на претходна постапка.