четврток, 2, февруари 2023
  • За нас
  • Реклами
  • Кариера
  • Контакт
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • Login
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА

декември 22, 2022
in ФОКУС
0 0
30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА
0
SHARES
18
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Related posts

Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

февруари 1, 2023
Девет гевгелиски студенти добитници на Општинска стипендија

Девет гевгелиски студенти добитници на Општинска стипендија

јануари 31, 2023

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 19 декември, со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и врз животот и телото на нејзините родители, ја присилил на обљуба оштетената со која другарувале и се познавале повеќе години наназад. Тие се договориле да се сретнат, бидејќи на осомничениот му бил роденден. Тој ја зел оштетената со автомобилот и ја однел кај тениското игралиште лоцирано кај поранешната касарна во Гевгелија, каде почнал да и зборува дека ја сака. Кога оштетената го одбила, станал агресивен, ја фатил со двете раце за вратот и започнал да ја дави од што оштетената изгубила свест. Кога се освестила, со возилото биле стигнати пред местото викано „Динќот“, па бидејќи осомничениот возел побавно, оштетената ја отворила вратата и побегнала надвор од возилото и почнала да бара помош.

Во близина немало никој, па осомничениот го запрел возилото, излегол надвор и кога ја стигнал почнал со боксови да ја удира по лицето во пределот на главата и очите. Од ударите оштетената повторно паднала во бессознание, по што осомничениот ја ставил во возилото и ја однел во викендица во селото Конско, сопственост на неговото семејство.

Бидејќи пружала отпор, почнал да и се заканува дека нема да излезе жива од таму, дека ако каже на некој ќе ги убие нејзините родители и нејзините другарки, а заканите ги изрекувал држејќи секира до него. Потоа извршил обљуба врз неа неколку пати, па ја запалил нејзината облека и телефон за да ги прикрие трагите. Ја натерал да му вети дека нема да го пријави, по што и дал друга облека од викендицата и ја оставил пред куќата во која живее.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството е прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.

МВР вчера извести дека се работи за 24 годишник од Гевгелија со иницијали Д.П. кој бил пронајден и притворен веднаш по пријавата на случајот, а вчера беше изведен пред судија. Притворот за него продолжува, потврди Гевгелискиот Суд.

 

ShareTweetShareSend

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Валентина – Златната тркачка од југот

Валентина – Златната тркачка од југот

2 месеци ago
Пендаровски до Бугарскиот МНР, Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

Пендаровски до Бугарскиот МНР, Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

1 недела ago
Во Гевгелија наврнаа 30 литри дожд на 1м2

Во Гевгелија наврнаа 30 литри дожд на 1м2

1 недела ago
ТППЕ  Гевгелија реализираше 141 интервенции минатата година

ТППЕ Гевгелија реализираше 141 интервенции минатата година

1 недела ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Uncategorized
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години
  • Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка
  • Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Uncategorized
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

февруари 1, 2023
Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

февруари 1, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Home

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?