петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

Граѓани и активисти денеска кажаа Не за градење хидроелектрани на Кожув планина

јуни 29, 2025
in ФОКУС
Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница
0
SHARES
307
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Стотици активисти и граѓани денеска се собраа на протест во местото Смрдлива Вода на Кожув планина, на кој го изразија својот револт против планот да се изградат две мали хидроцентрали на оваа планина.

– „Сакаат да ги исечат вените на Кожув“, „Народот е спасот за Дошница“, се само дел од транспарентите, со кои денеска активистите испратија јасна порака – дека се против било каква изградба на вакви објекти со кои значително би се нарушил биодиверзитетот. Иако биле поканети градоначалниците на трите општини, Гевгелија, Кавадарци и Демир Капија, да присуствуваат на протестот во знак на поддршка на граѓаните, во Смрдлива Вода дојде само градоначалникот на Демир Kапија, Лазар Петров.

Related posts

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026
Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

ноември 19, 2026

– „Со овој протест сакаме да испратиме порака до властите, да им дадеме до знаење дека насекаде хидроелектрани се рушат бидејќи го рушат биодиверзитетот и влијаат врз климатските промени. А ние, наместо со Устав да ги заштитутваме планините, кај нас се дозволува истите да уништуваат. не се работи овде само за реката Дошница. Во Македонија треба да се стопираат сите концесии за изградба на мини хидроелектрани. Ако си ја сакаме државата, треба да ја штитиме и чуваме“ вели Марина од ЗГ „Change makers“, пренесува „мета“.

Граѓани собрани во локалитетот Смрдлива вода каде денеска се одржува големиот протест против изградбата на хидроелектрани на Дошница – Фото: Страхил Поповски

Градоначалникот на Демир Капија истакна дека во конкретниот случај тој е на страната на граѓаните и активистите и е на став дека не смеат да се градат хидроелектрани на Кожув.

– „Јас сум повеќе за да има базени, брани, акумулации со вода“, рече Петров, кој минатата година, заедно со градоначалниците на Гевгелија и Кавадарци, покренаа иницијатива за прогласување на Кожув за Национален парк, со оглед на фактот дека планината ги опфаќа сите три општини.

На протестот активистите гласно го искажаа своето „НЕ“ за хидроцентрали на Дошница

Денешниот протест беше најавен и на Фејсбук, а во објавата организаторите прашуваат – Уште колку реки и планини треба да се уништат за да престанат да се градат хидроелектрани?

Активиститите од четвртокот својот револт го изразуваат со блокади на патот кон ски-центарот, каде што се планира изградбата на овие објекти.

– „Во МВР за протестот и блокадата е пријавено дека ќе трае до нова година, 01.01.2026. Ако треба ќе продолжи и до 2027 . Се гледаме и утре и во недела и до бесконечност“ – напиша на социјалните мрежи пратеникот од Гевгелија Саше Јанчев.

И деца го следеа протестот заедно со своите родители загрижени за природната средина на Кожуф
Еко активисти, планинарски здруженија, ГТК се дел од здруженијата од Гевгелија кои го поддржаа протестот

На протестот имаше луѓе, летувалци во планинаското летувалиште Смрдлива вода и граѓани поддржувачи кои се придружија во пораките за спас на Дошница.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Весна Чакалова носителка на титулата “The Grace Empress 2025”

Next Post

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Next Post
Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Групата „Music soul“ од Гевгелија освои ПРВО место во Италија и уште 6 поединечни награди

Групата „Music soul“ од Гевгелија освои ПРВО место во Италија и уште 6 поединечни награди

2 години ago
ВИДЕО: Групата „КУКУ ЛЕЛЕ“ ја распеа публиката на „TASTE the SOUTH“ во Гевгелија

ВИДЕО: Групата „КУКУ ЛЕЛЕ“ ја распеа публиката на „TASTE the SOUTH“ во Гевгелија

2 месеци ago

Ученички тим од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија ПРВ на ЗОНСКО во ракомет

8 месеци ago
Повик за бојкот на маркетите во петок се шири на социјалните мрежи

Повик за бојкот на маркетите во петок се шири на социјалните мрежи

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist