Зимата пристигна, се ближат празнците, а најрадосни од сите се секако децата, со исчекување на новогодишната магија и подароците, секако.
Највесело, најбело и најснежно беше денеска во „снежниот град“ во детската градинка „Детска радост“ Гевгелија каде малите дечиња од групата „Пеперутка“ со занес ја пееја новогодишната песна за доаѓањето на Дедо Мраз.
Воспитувач – Маја Џишева
Негувателка – Драгица Бојмалиева
Ја споделуваме ова детска радост за да ги шириме убавите претпразнични моменти и да Ве потсетиме да му помогнете на Дедо Мраз да ги посети сите дечиња!