Традицијата од дамнина којa се враќа на овие простори изминатите три децении – тоа е палењето на коледарските огнови кои во предвечерието на Бадник ја осветлуваат новата ера на православието со раѓањето на Исус Христос.
Најголем настан во Гевгелија е Коледарскиот Хепенинг кој и годинава се организира по 29-ти пат по едногодишна корона пауза. Организатор е Локалниот клуб на млади на СДСМ Гевгелија. Местото на настанот се сели од ракометното игралиште во дворот на СДСМ Гевгелија, во четврток на 5 јануари, со почеток во 18:00 часот.
Традиционално палење на коледарски оган ќе се одржат и во општина Богданци под покровителство на „Лебопекара ММ“ и „Солун 53 Маркети“. Настанот во Богданци е закажан за утре четврток, со почеток во 19:00 часот.
Во Богданци ќе земат учество локални музички изведувачи: Ристо Димитров (Тарабан) Здравко и Милош, Наталија Данаилова, Марија Ичкова, Влатко Илјачев, Слободанка Арнаудова, Бојана Дупјачанец, Јулија Јанушева балетско студио „Sweet Dance“ и фолклорен ансамбл „Мегдан“.
Во петок, 06.01.2023 година, истиот настан во организација на Месната Заедница Стојаково ќе се оддржи во населено место Стојаково во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ со почеток во 18.30 часот.
Организаторите, преку социјалните мрежи, веќе упатија покани до граѓаните да им се придружат на коледарските забави во друштво со локалните музички и денс изведувачи.