недела, 4, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Борбата на Симона со ракот на дојка заврши со пораз на 31 годишна возраст

Симона од Стојаково за битката со ракот на дојка: „Не ни требаат сожалување и солзи, туку верба дека силни ќе го поминеме тешкиот период“ - за жал, победи канцерот

јануари 11, 2023
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ФОКУС
Борбата на Симона со ракот на дојка заврши со пораз на 31 годишна возраст
0
SHARES
8.6k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Повеќето луѓе кога ќе слушнат рак веднаш креваат раце и мислат на најлошото, веќе те прежалуваат без да бидат свесни дека не е таа реакцијата што секој болен сака и треба да ја види – вели 30-годишната Симона Маџарова од Стојаково во интервју за порталот „Умно“ за својата средба со дијагнозата канцер.

„Денот кога почна да ми опаѓа косата, со моите другарки отидовме да избереме перика, и тој момент го направивме забавен. Не и’ придававме многу значење на косата, зашто коса е само коса, ќе порасне, тоа не е ни битно, колку што е важно да си здрав, да имаш волја и сила во срцето и да не се откажуваш никогаш“ – вели Симона, девојка од гевгелиското село Стојаково. Во животот ни’ се случуваат многу работи што не прават силни, за жал, понекогаш и такви што ниту на друг не ги посакуваме, а камоли на себе.

Related posts

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на  новите „калинки“

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на новите „калинки“

јуни 4, 2023
ДФ „КАЛИНКА“ вечерва со свечен концерт пред гевгеличани

ДФ „КАЛИНКА“ вечерва со свечен концерт пред гевгеличани

јуни 2, 2023

Пред две години (интервјуто е реализирано 2021 година, н.з.) на Симона и’ бил дијагностициран рак на дојка. Но, таа не дозволила таа вест да ја совлада. Храбра и сигурна во себе, Симона најмногу се грижела како да сподели со својата фамилија што и’ се случува. Таа зборува отворено за болеста и ги охрабрува сите девојки да не се затвораат во маката и да ја споделуваат со другите.

– „Во тој момент ни треба некој да верува во нас, да верува дека ќе се излечиме, дека силни ќе поминеме низ тој долг и тежок период. Не ни треба сожалување и солзи. Моите и сите што беа околу мене веруваа во мене, веруваа дека ќе се излечам и дека ова е само период што ќе помине. Мајка ми, татко ми и сестра ми се најсилните луѓе што ги знам и од кои учам цел живот. Токму заради нив од ден на ден бев сè посилна, на сите предизвици со храброст им пристапував и знаев дека ќе успеам, тие ми се ветар во грбот, секогаш туркајќи ме напред“ – вели Симона.

Оваа храбра девојка и покрај операцијата на 26 мај 2021 година, на денот на нејзиноот 29-ти роденден, во ковид услови, денеска ја загуби битката со канцерот. Во нејзин спомен и важноста за навремено дијагностицирање на ракот на дојка го споделуваме нејзиното интервју за порталот „Умно.мк“ рализирано во октомври 2021 година по повод „Октомври е месец за свесност за рак на дојка“.

Ракот на дојка на светско ниво е најчест вид рак, а исто и во Македонија. Околу 2,3 милиони нови случаи на рак на дојка биле дијагностицирани 2022 година, што претставува 11,7% од сите случаи на рак, вели СЗО. Кај жените, ракот на дојка е најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак ширум светот.

Целото интервју од порталот „Умно.мк“ е на овој ЛИНК
Автор: Сребра Ѓорѓијевска

Фото: Фејсбук – Симона Маџарова – Згасна животот во овие сини очи, во оваа младост, во оваа убавина

На 14 септември, четири месеци после операцијата, Симона на својот фејсбук прифил постирала фотографија  со кратка коса, со нејзината магична насмевка, со топлите очи и своето куче, па ја напишала пораката:  „Keep a place for me in heaven, my angel 💔“, во превод: „Чувај ми место во рајот, ангелу мој 💔“

Светол ти пат Симона!

Придружи им се на ангелите во светлите предели на вечниот спокој!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Денеска е Светски ден на смеењето

Next Post

Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

Next Post
Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ЗАДУШНИЦА

ЗАДУШНИЦА

1 ден ago
СДСМ Гевгелија: Политичко вандалство во Гевгелија

СДСМ Гевгелија: Политичко вандалство во Гевгелија

2 месеци ago
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени две лица

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведени две лица

3 месеци ago
Кардиологот д-р Кедев се искачи на Анапурна

Кардиологот д-р Кедев се искачи на Анапурна

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Предфестивалско ДЕФИЛЕ на новите „калинки“
  • ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија
  • Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на  новите „калинки“

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на новите „калинки“

јуни 4, 2023
ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

јуни 4, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist