Гевгеличанката Елизабета Гуцева (34) се бори со рак на дојка од 2017 година. Првпат кога и бил дијагностициран канцер таа била на 28 годишна возраст, а болеста била со стадиум 4.
Шест години треа битката на Елизабета против канцерот, за одржување и подобрување на своето здравје.
По долги 6 години напорна битка со ракот и сите подеми и падови кои доаѓаат со хемотерапијата после оперативниот зафат и терапијата со зрачење Елизабета се бореше со сета своја сила, но недостатокот на лекови и соодветен третман во болниците каде осигурувањето го покрива лекувањето не успеа да ја санира целосно нејзината состојба и нејзиното здравје се влошува.
Сепак, нејзиното семејство, пријателите и самата Елизабета не се откажѕваат од можноста да се успее во лекувањето. Затоа побарана е алтернатива во странство. Сега е на ветувачки специјалистички третман во Грција, кој чини 50.000 евра.
Во недостаток на толкав износ на средства семејството се обраќа до хуманите граѓани.
– „Сега, за прв пат по нејзината дијагноза, ѝ треба вашата помош. Сегашната дијагноза на Елизабета е рак на матката со „m.s ossei genralie“. Елизабета ќе издржи најмалку шест месеци агресивни третмани со хемотерапија и зрачењето зошто таа е борец. Таа е една од најсилните луѓе што ги познаваме. Таа се едуцираше за нејзиниот третман; таа се залагаше за себе и не престана да го живее својот живот“ велат пријателките на Елизабета кои го креирале хуманитарниот налог за донации на платформата „GoFundMe“.
Налогот на меѓународната платформа за донации „GoFundMe“ e креиран на 27 декември 2022 година. Во текот на изминатите 17 денови донирале 23 лица, поединци и собрани се вкупно 2.070 евра од потребните 50.000 евра за нејзиниот специјалистички медицински третман во Грција.
– „Секој долар оди директно за поддршка на Елизабета. Ви благодариме на сите Бог да ве благослови“ – порачуваат од семејството и пријателите кои помагаат во хуманитарната акција за Елизабета од Гевгелија.
Ајде гевгеличани, ајде хумани граѓани, потребни сме и на Елизабета за надеж, за здравје, за живот!!!
ЛИНКОТ за донации на „GoFundMe“ е ОВДЕ:
Отворена е и донаторска сметка:
Корисник – Елизабета Гуцева
Жиро сметка: 500 600 016 979 459
Депонент – Стопанска Бана А.Д. Битола