Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на силниот W40 турнир во Талин, Естонија.
По победите во првите три кола против Radka Zelnickova од Словачка, Andrea Lazaro Garcia од Шпанија и Deborah Chiesa од Италија, Ѓорческа во полуфиналниот меч извојува победа и против турската тенисерка Zeynep Sonmez (6-3 ; 6-2).
Со оваа победа таа веќе обезбеди нови 42 поени и ќе напредува за повеќе од 20 места на WTA листата.
Во утрешното финале Lina Gjorceska ќе игра против 5 години постарата Белгијанка Yanina Wickmayer, којашто во еден момент во својата кариера беше и на 12-то место на ранг листата на најдобри тенисерки во светот. Мечот ќе започне во 11 часот по македонско време.
Евентуална победа за Лина би значелa нови 28 поени, пробив до околу 190-тото место на WTA листата и речиси обезбедено учество на најсилните турнири во светот оваа година, Roland Garros, Wimbledon и US Open.
Ацо Лукароски