Најсреќниот на ден Водици денеска е Мартин Прчев 23 годишно момче од Гевгелија кое го извади потопениот Свет крст од осветените води на Вардар.
На Богојавление во Гевгелија денеска му претходеше чин на осветување на водите на реката Вардар кое го изведоа црковните лица од Гевгелиско архиерејско намесништво протоереј Русе Жековски, протоереј Љупче Миланов и свештеникот Влатко Бојков.
Во водата запливаа повеќе десетина млади момчиња, но најбрз и најуспешен беше Мартин.
Среќниот фаќач на Крстот беше награден со икона од Црквата во Гевгелија со која ќе ги посети сите домови на своите сожители носејќи порака за среќа и благодет во секој дом.
Од општина Гевгелија Прчев беше награден со лаптоп, од фирмата „Зегин“ доби вредносен ваучер, а од „Евротип“ телевизор.
Голмиот ден Богојавление – Водици беше среќен и за шест дечиња од Гевегелија кои денеска беа покрстени во црковните храмови во Гевгелија каде го примија христијанството за своја вера.
Настанот Богојавление – Водици го следеа голем број на граѓани од двете страни на брегот на Вардар и на мостот пред мотел „Вардар“, со што ја испочитуваа вековната традиција која пред три децении е обновена и во Гевгелија.