Зголемен водостој на Конска река кај Моин и Сува река кај Гевгелија, регистрираше денеска камерата на GevgelijaNet.com
Иако нема снежни и поголеми врнежи во периодот, природната циркулација на водата го зголеми водостојот и на реките кои поминуваат покрај Моин и Гевгелија.
Сува река невообичаено за своето име претставува цело поле од вода.
Надлежните препорачуваат внимателно движење покрај водотеците во овој врнежлив период.