петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Почина Милан Завков – македонски виртуоз на хармоника и музички творец

На 61-годишна возраст почина Милан Завков, маестрото на хармониката, но и автор на повеќе од 150 новосоздадени народни песни

февруари 7, 2023
in SHOWBIZ, Музика
Почина Милан Завков – македонски виртуоз на хармоника и музички творец
0
SHARES
300
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На 61-годишна возраст почина Милан Завков, маестрото на хармониката, но и автор на повеќе од 150 новосоздадени народни песни.

Завков хармоника започнал да свири кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.

Related posts

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025
ВИДЕО: Богата програма на  „На сред село во Негорци“

ВИДЕО: Богата програма на „На сред село во Негорци“

јуни 22, 2025

Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов, и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и на дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор. Автор е на голем број песни.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, “Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски.
Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот.

Почивај во мир маестро!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонија испраќа помош за Турција -пари, опрема спасувачки тимови и армиски специјалци

Next Post

Автентични снимки – спасувачите на терен, надеж, живот, но и настрадани од земјотресот

Next Post
Автентични снимки – спасувачите на терен, надеж, живот, но и настрадани од земјотресот

Автентични снимки - спасувачите на терен, надеж, живот, но и настрадани од земјотресот

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Зонско паркирање во Гевгелија – ЦЕНОВНИКОТ  пред Советот на Опш.Гевгелија

Измени во Ценовникот за зонско паркирање во Гевгелија

2 години ago
Изведена втората трансплантација на црн дроб во Македонија

Изведена втората трансплантација на црн дроб во Македонија

2 години ago
Oтворена изложба на фотографии „Сите лица на Кожуф“ од Димитар Новаков

Oтворена изложба на фотографии „Сите лица на Кожуф“ од Димитар Новаков

9 месеци ago
Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist