Царинската Управа на Република Македонија известува за успешна акција на царинските службеници од Царинарница Гевгелија.
Утринава, на Царинска испостава „Богородица“ вработените царински службеници откриле непријавена стока, во вередност од два милиони денари. Возилото во кое била стоката се пријавило на излез од Македонија. При контрола на автобус (возило наменето за транспорт на патници, а не и на меѓународен превоз на стока) откриле 200 боци френот. Товарот од 200 боци бил сочинет од 100 парчиња боци од 9,8 килограми фреон тип R404A и 100 боци од 13,6 килограми фреон тип R134А. Целиот непријавен товар наменет за криумчарење тежел 2.340 килограми.
Вкупната вредност на фреонот изнесува два милиони денари, или 32.650 евра.
Од Царинската Управа известуваат дека стоката е привремено одземена, а против лицето со македонско државјанство ќе биде поведена кривичка постапка за криумчарење стока.
Во ваков случај надлежните го запленуваат и возилото со кое е направен обид за киумчарење на непријавена стока која подлежи на царински третман.