петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Општина Гевгелија одобри 200.000 денари за помош на Турција и Сирија

Средствата за оваа намена ќе бидат одвоени од локалниот Буџет на Оштината, што значи средства на граѓаните од општина Гевгелија

февруари 14, 2023
in ФОКУС
Општина Гевгелија одобри 200.000 денари за помош на Турција и Сирија
0
SHARES
33
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На вчера одржаната 23-та седница на Советот на општина Гевгелија едногласно е донесено Решение за доделување финансиска помош во вредност од 200.000 денари за настраданите подрачја од земјотресот во Турција и Сирија.
Средствата ќе бидат одвоени од Буџетот на општина Гевгелија и уплатени на сметката на Фонд за солидарност на Црвен Крст на Македонија.

Овој предлог на самата седница како дополнување на дневниот ред го достави претставникот од Левица, иако една недела претходно писмено беше веќе доставен предлог со иста намена, но со вредност од 300.000 денари од советничкта група на СДСМ.
За одлуката да биде одобрен помал хуманитарен паричен износ пресудно беше објаснувањето на градоначалникот на општината Сарамандов, кој ги извести советниците дека Општината веќе помага на Турција со самото тоа што испрати екипа пожарникари кои се’ уште се на терен во настарданите подрачја од земјотресот во Турција.
– „Испратени се со неопходните потреби – храна вода и 120.000 денари за патни трошоци. Затоа солидарната помош да биде 200.000 денари зошто не знаеме колку ќе бидат трошоците за екипата на пожарникарите која што е сега во Турција“ – препорача Сарамандов до советниците.

Related posts

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

По ваквото објаснување СДСМ ја повлече својата иницијатива.

На почетокот при утврдувањето на дневниот ред советникот од независката граѓанска листа, Томе Кучуков предложи сите советници и градоначалникот да одвојат едномесечен паушал за помош на населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија, по примерот на одлуката на советниците од општина Дојран.

Ваквиот предлог не наиде на широкоградост од страна на советниците, а претседателот на Советот, П.Матх го одби изјаснувањето по истиот бидејќи предлогот не бил доставен во писмена форма до Советот.

Со тоа Советот гласаше за единствениот предлог кој остана за изјаснување со „хуманитарна намена“ за Турција и Сирија. Беше прифатено Предлогот за донесување решение за доделување хуманитарна помош за населението во Турција и Сирија во вредност од 200.000 денари да биде додаден на дневниот ред како 25-та последна точка и за истиот гласаа 16-те присутни членови на Советот на општина Гевгелија, кои останаа до крајот на седницата.

Гевгелија солидарна и хуманитарна! Средствата за оваа намена ќе бидат одвоени од локалниот Буџет на Оштината, што значи средства на граѓаните од општина Гевгелија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Tимот на ТТПЕ Гевгелија помага низ рушевините во Адиаман, Турција

Next Post

Закројување на лозјата во чест на Свети Трифун

Next Post
Закројување на лозјата во чест на Свети Трифун

Закројување на лозјата во чест на Свети Трифун

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

12 Мај – Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари

12 Мај – Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари

2 години ago
БАДНИК – ПРЕДВЕСНИК на ЖИВОТ, родена е тројка во Битола

БАДНИК – ПРЕДВЕСНИК на ЖИВОТ, родена е тројка во Битола

6 месеци ago
Ресенско јаболко секој викенд во Богородица

Ресенско јаболко секој викенд во Богородица

4 месеци ago
Тројна сообраќајка кај Валандово, повредени две лица

Тројна сообраќајка кај Валандово, повредени две лица

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist