Грижа за вдомување и станбена удобност на 52 семејства во сицијален ризик – ова го најави денеска Министер за транспорт и врски Благој Бочварски, кој беше во посета на Гевгелија.
Тој заедно со директорот на АД за изградба на станбен и деловен простор на РСМ направи увид во социјалната зграда во областа Касарна во Гевгелија за чија распределба утре ќе биде објавен ЈАВЕН ПОВИК до жителите на општина Гевгелија од социјалната категорија граѓани кои имаат право да аплицираат преку Центарот за социјални работи од Гевгелија.
– „Покажуваме силна решителност да ги решаваме станбените прашања на социјално ранливите семејства. Оваа зграда со 52 стана во Гевгелија ќе биде иден дом на исто толку фамилии од социјален ризик“ – истакна Бочварски.
Министерот во придружба на директорот на АД за станбен и деловен простор Зоран Георгиев и пратеничката Марија Костадинова изврши обиколка во социјалната зграда во Гевгелија од каде го најави ЈАВНИОТ ПОВИК за распределба на становите што ќе биде објавен утре.
– „Во соработка со Центарот за социјални работи во Гевгелија очекуваме успешна распределба со што ќе помогнеме на голем број семејства од социјален ризик да добијат пристоен дом за живеење“ – изјави во Гевгелија министерот Бочварски.
Зградата има извршен технички прием во август 2022 година и е готова да ги прими своите идни станари. Има приземје, четири ката со по 12 стана од кои приземјето има 4 стана наменето за инвалидизирани лица, пристапни рампи, лифт, а секој стан располага со подрусмки простор.
Јавниот повик за аплицирање ќе трае од 16 февруари до 20 март 2023 година.