Успешна детекција на царинските службеници на ГП „Богородица“ – Спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 221,6 илјади денари
Во понеделникот (20.02.2023 година) Царински службеници на граничен премин Богородица на влез во државава при контрола на патничко возило со босански регистарски таблици запленија 76 килограми тутун за наргиле спакуван во 135 парчиња од 0,5 кг и 10 парчиња од 1 килограм.
Стоката е пронајдена во фабричкиот простор над левата и десната гума во крилото, во фабричкиот простор во возачкото и совозачкото седиште, како и во фабрички простор помеѓу багажниот простор и седиштето.
Стоката со судска пресуда е одземена, а против лицето е спроведена прекршочна постапка пред надлежен суд.