Нашиот математички генијалец Македон Димитровски (8) продолжува да реди успеси. Тој годинава освои сребрен медал по математика во натпреварот „Математика без граници“.
Гордите родители на нашиот мал математичар ги споделија убавите вести на социјалните мрежи.
Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари, а учествувале 4.142 учесници од 23 земји.
За потсетување, минатата година Македон на истиот натпревар освои ЗЛАТЕН медал во зимската сесија, а медалите му беа врачени на последниот училиштен ден од минатата учебна година, кога беше организирана и посебна церемонија.
Македон Димитровски е 8-годишен генијалец од Тетово, кој говори повеќе јазици меѓу кои германски, англиски, кинески и арапски, а решава математички задачи наменети за втора година средно образование.
Тој честопати на социјалните мрежи знае да одржи лекции од разни области што во моментот го интересираат, како историја, географија, астрономија…