„Прости ми“, „Простено да ти е од мене и од Бога“ се вообичаените зборови кои денеска си гу упатуваат верниците по повод денешниот ден Прочка.
Прочка или Велики поклади —тоа е ден во православното христијанство кое е посветено на меѓусебното простување помеѓу верниците, пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити, кај нас познат како ден „умрело дете за баничка“. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Проштевањето како одлика на човештвото е инспирација за мудри мисли, но и спротивставени размисли:
“Кога некој ќе ве повреди можеби ќе заборавите, но ако вие повредите некој, секогаш тоа ќе го памтите.”
-K. Гибран
„Простувањето е чин на милосрдие. Не потсетува дека сме грешни. Несовршени.
Не повторувајте ги грешките ни кон себе ни спрема другите, инаку нема смисла само зборот да се каже“
ФИЌО 🫥@fraerot41m
„Денес е прочка, или за нас безгрешните е само една обична недела“.
Зоранвели@zoranveli3h
„Сосема обичен ден за нас морално супериорните…“
Златоуста@jasisamojas12h
„Уште една голема лага која денес ќе излезе од устата на многумина е простувањето, зашто никогаш не е упатено кон оној што навистина згрешил. Навредите, грешките и горчините не се перат со збор.“