сабота, 21, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Објавен е Оглас за распределба на 52 социјални стана во Гевгелија

На Огласот можат да аплицираат жители на општина Гевгелија со поднесување Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп, а се од категориите на социјално загрозени лица (споменати во Огласот)

февруари 16, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Објавен е Оглас за распределба на 52 социјални стана во Гевгелија
0
SHARES
742
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија, согласно најавите, денеска ОБЈАВИ ОГЛАС за распределување на 52 социјални станови во општина Гевгелија во станбенa зградa во обаста Касарна.
Зградата е лоцираа на улицa „Ацо Шопов“ бр.47 во Гевгелија, има површина од 2.400 метри квадратни кои се изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија

На Огласот можат да аплицираат жители на општина Гевгелија со поднесување Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп, односно лицата кои се:
– државјанин на Република Северна Македонија;
– со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан (Гевгелија) и
– лицата да се без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Related posts

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026

Корисници на социјални станови може да бидат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени:
1. Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
2. Корисници на правото на гарантирана минимална помош.
3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
4. Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.
5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите на Република Северна Македонија.
6. Самохрани родители со малолетни деца.

Потребната документација која лицата ја поднесуваат до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Гевгелија треба да биде доставена заклучно со 20.03.2023 година.

– „Би ја искористил приликата да упатам апел до сите граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат до Центарот за социјални работи во Гевгелија. За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи Гевгелија, ќе ја обезбедува потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас. Грижата за најранлините категории граѓани е посебно изразена сега во време кога ни претстои најголемиот предизвик со оправување од енергетската и економската криза. Како Влада, остануваме силно посветени и оваа година во обезбедување на топол дом за најранливите семејства”, изјави министерот Бочварски од Министерството за транспорт и врски кој денеска го објави јавниот Оглас.

ЛИНК до ОГЛАС

ShareTweetShareSend
Previous Post

Рекорд во преживување: 74 годишен дедо 227 часа бил под урнатините, извлечен на безбедно

Next Post

Тимот на ТППЕ Гевгелија се врaти од Турција

Next Post
Тимот на ТППЕ Гевгелија се врaти од Турција

Тимот на ТППЕ Гевгелија се врaти од Турција

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Mаратонци од Гевгелија на Гумење кај ТОШЕ по повод 43-от роденден на Македонската музичка легенда

Mаратонци од Гевгелија на Гумење кај ТОШЕ по повод 43-от роденден на Македонската музичка легенда

3 години ago
Пожарот на депонијата во Дојран под контрола, изгаснат пожарот во с.Николиќ

Пожарот на депонијата во Дојран под контрола, изгаснат пожарот во с.Николиќ

2 години ago
Приведен крадец од дојранско

Приведен крадец од дојранско

2 години ago
Гевгеличанката Анита Алабо со прва самостојна изложба во Гевгелија – „Хроматско патување“

Гевгеличанката Анита Алабо со прва самостојна изложба во Гевгелија – „Хроматско патување“

11 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“
  • Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари
  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

ноември 20, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist