Гевгеличанката Анита Алабо (Anita Alabau) вечерва Ве очекува на својата прва самостојна изложба во Гевгелија, насловена „Хроматско патување“.
Таа е уметница која веќе пет години слика и твори во Франција, каде живее и работи веќе 11 години.
Уметничкото хроматско патување на Анита ќе ви ги раскаже и нејзините животни аспирации. Таа 20 години работеше како медицинско лице во болницата во Гевгелија пред да замине во Франција, па боите на здравството (белата) ги комбинира со боите на здравјето (сина како небото), боите на природата (зелената, жолта, црвената и др.) и овде создава животна хармонија.
Изложбата ќе биде вечерва отворена во Уметничката галерија “АМАМ” со почеток во 19:00 h, а ќе трае од денеска до 23 декември.

Анита Ве поканува на уметничка дружба и да се уверите како еден здравствен работник својата хумана професија може да ја трансформира во уметничка убавина.
Анита е веќе етаблирана во француските уметнички кругови истакнувајќи се со бројни изложби во музеи, галерии и уметнички саеми во Франција и во странство.
Вечерва прв пат се претставува пред гевгеличани! 🎨🖼
Анита е родена во Гевгелија, основно образование завршила во Гевгелија, а средно медицинско училиште во Скопје. Две децении ја обавуваше најхуманата здравствена дејност, грижата за болните и пациентите во Медицинскиот Центар во Гевгелија. Својот уметнички порив го открива, развива и обликува дури кога ќе замине на работа во Франција каде иако самоука како уметник остварува вредни уметнички записи, признаени од бројни уметнички друштва во Франција каде членува.
Вечерва Ве очекува на уметничко запознавање во нејзината родна Гевгелија со нејзините гевгеличани!




















