Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава против Х.Ѓ.(21) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 21.11.2022 кај место викано „Елград“ – Неготино, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Ауди“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле осум мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
Според Кривичниот законик на РСМ, член 418-б, за делото „криумчарење мигранти“ сторителот се соочува со казна од 5 до 8 години затвор. Највисоката казна се изрекува во случајот кога се работи за нелегален превоз на малолетно лице.