Инспектори од мобилните тимови запленија 350 грама златен накит во вредност од околу 16 илјади евра, по извршена контрола со мобилен скенер на автобус на влез на Граничниот премин Богородица.
Златото е откриено во џебот на јакната на возачот со македонско државјанство кој истото го скрил во 5 пакетчиња обвиткани со фолија.
Автобусот се движел на редовна линија Истанбул – Скопје – Истанбул.
Случајот е предаден во Одделение за истраги, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 270 од Кривичниот законик, известуваат д Царинската Управа на Македонија..
Според КЗ на сторителот му се запретува казна од шест месеци до пет години затвор за стореното кривично дело – криумарење на стока од поголема вредност.