Вчерашниот дожлив ден (на 02.03.2023 г.) се случила сообраќајна несреќа кај местото викано „Валандовско брдо“. Пријавата за несреќата е примена во 09:00 часот во Полициската станица Валандово.
Во пријавата било наведено дека на регионален пат Р 1401, на место викано „Валандовско брдо“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу четири возила, од кое едно го напуштило местото на несреќата.
Учесници во сообраќајната несреќа се патничко возило „Фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од село Николиќ, дојранско, патничко возило „Тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(76) од Струмица, товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.П.Ѓ.(45) од Гевгелија и уште едно товарно возило, кое го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „Тојота“, жител на Струмица, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во возилото „Фолксваген голф“, констатирани во Здравствен дом во Валандово.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.