Пред да стартува сцената на Детскиот фестивал „Калинка“ во Гевгелија беше изведена дводневна аудиција на потенцијални изведувачи и членови на детскиот хор.
Изборот на песните и настапите на дечињата имаа своја харизма. Така, во недостаток на континуитет на детскиот фестивал и дружењето со детските песнички, малите песнопејни нови генерации гевгеличани се приклониле кон народната македонска песна. Има и примери на фолк увоз, на шлагери и стари нумери зачувани на носачите на звукот.
Петгодишниот Петар Дјурановиќ ја предводи низата од деца пејачи кои воодушевија со својот избор на омилена песна (македонска народна) за да се претстават пред жирито на аудицијата за нови изведувачи на ДФ „Калинка“ што ќе се одржи годинава, во мај, во Гевгелија.