сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци – 60 годишен јубилеј во образованието

Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои учениците и наставиците год ООУ „Ристо Шуклев“ го одбележаа патрониот празник на училиштето, заедно со бројната публика од Негорци

мај 12, 2023
in ФОКУС
Одбележан патронот на ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци – 60 годишен јубилеј во образованието
0
SHARES
279
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Цвеќе за патронот, спортски игри и училишни претстави, се активностите со кои денеска учениците и наставиците год ООУ „Ристо Шуклев“ го одбележаа патрониот празник на училиштето.

Честа да се одбележи овој настан е дотолку поголема што се изведува после 78 години извојувана слобода од фашистичкиот окупатор, против кого се бореше и патронот, заедно со партизаните соборци од овој крај и од неговото родно место. Ристо Шуклев (1912-1944) учествуваше на сите акции на прогресивните младинци (Македонци, Срби и Црногорци) од Негорци и Горничет уште во текот на 1939-1940 година. Со излегувањето на првите партизани од Гевгелиско тој беше доставувач на храна, облека и друг материјал до партизаните сместени на Кожуф. Како напреден младинец тој се приклучува на антифашистичкото движење. Организатор е на илегални состаноци на членовите на НОБ. Во декември 1943 е откриен од тогашните окупаторски власти, затворен и ѕверски измачуван. Стрелан е на 4 јануари 1944 година, кај месноста Мала река. Имаше само 32 години.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Одбележувањето на патронот започна со положување свежо цвеќе на бистата на Ристо Шуклев во училишниот двор и на спомениците од НОВ во Негорци. Учениците благодарни на целото борбено и општествено посветено дело и живот на нивниот патрон почести им изразија и на паднатите борци од Негорци за време на НОБ на споменикот во центарот на Негорци, во близина на училиштето.

Во чест на Патронот, учениците одиграа спортски натпревари, драмската секција од училиштето изведе театарска претстава, настапи и училишниот хор за пубиката составена од ученици, наставници и гости на патрониот празник.

Слава и почит за патронот првоборец, посветена работа и успех на учениците и работниот тим на училиштето во годините на слобода, учење и вреднување.


Првата организирана настава на македонски јазик во Негорци датира од 1910 година со формирањето на првото македонско црковно-општинско училиште во кое настава изведувал македонски учител.
После војната во 1944/45 во негорци учителствувале првите народни учители. Од 1948г. основното образование од четиригодишно прераснува во седум-годишно образование со полагање мала матура.
Во учебната 1963/64г. училиштето прераснува во централно основно училиште со подрачни училишта во Серменин, Кованец и Прдејци, а во учебната 1965/66г. отворена е забавишна група за децата пред поаѓање на училиште.
По 50 години од воведувањето осумгодишно образование, во учебна 2007/08г. воведено е деветгодишно основно образование.

Честит патронен празник на сите ученици и вработени во ООУ “Ристо Шуклев” од Негорци, многу успеси во остварувањето на образовниот процес и совладувањето на наставните содржини во годините кои претстојат.

ShareTweetShareSend
Previous Post

12 Мај – Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари

Next Post

Гевгелиска средношколка Ивана Грујиќ стана државен првак во тенис

Next Post
Гевгелиска средношколка  Ивана Грујиќ стана државен првак во тенис

Гевгелиска средношколка Ивана Грујиќ стана државен првак во тенис

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Трагична сообраќајна несреќа на обиколница Богданци

Трагична сообраќајна несреќа на обиколница Богданци

1 година ago
Ваучери за одмор вo вредност од 18.000 денари за работници со ниски семејни примања

Ваучери за одмор вo вредност од 18.000 денари за работници со ниски семејни примања

3 години ago
Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

2 години ago
Споменик за Сашко Гешовски во Сплит – првата жртва на воените конфликти во бившите YU републики

Споменик за Сашко Гешовски во Сплит – првата жртва на воените конфликти во бившите YU републики

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist