Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ поднесе кривична пријава против А.Ќ.(25) од село Прдејци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 04.04.2022 околу 22:00 часот на локалниот пат од село Раборци кон село Попчево, струмичко, пријавениот со патничко возило „Фолксваген Туарег“ превезувал шест мигранти, од кои три малолетни лица, при што бил фатен од полициски службеници.
За стоеното кривично дело кое што ќе го процесуира Основното јавно обвинителство, според Кривичниот законик на РСМ на сторителот му се запретува казна најмалку четири, а за криумчарење на мигранти малолетници и до осум години затвор.