Вчера попладне, вторник 14.03.2023 година, во 15:45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица.
При претрес на домот на К.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага, додека М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога.
За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.