Фирмата “Жикол” од Струмица денеска започна со асфалтирање на улицата “Моински пат” во Гевгелија.
Ова значи финализација на оваа делница од проектот по успешно извршените градежни работи за проширување на атмосферската канализациона мрежа во овој дел од градот. Прашината од посипаните ископи на кои една година наназад се жалеа жителите од оваа улица од утре ќе бидат минато. Се асфалтира потегот од некогашна Касарна, после 100-на метри и тоа само левиот крак на улицата после кружниот ток, па се’ до локалитетот Динќут.
На терен е тешка механизација (8 возила) и уште 6 помошни возила за дотур. До крајот на денот се очекува дотур на уште 2 камионски приколки со асфалт.
Фирмата “Жикол” како изведувач, според договорот, после завршувањето на градежните работи треба да го уреди просторот од раскопаните улици во првобитна состојба.