Во организација на Општинскиот Црвен крст Гевгелија, а во соработка со Трансфузиологија при Општа Болница Гевгелија денеска се одржа Крводарителска акција во знак на одбележувањето на 78 годишнината од формирањто на Црвен крст на Македонија и ЦК Гевгелија и Денот на крводарителството во Македонија.
Право на уество во акцијата имаа сите полнолетни здраи граѓани. Први на повикот за крводарување се одзваа членовите на навивачката група „Фантоми“ од Гевгелија кои 10 дена пред одржувањето на акцијата ги посетија просториите на Црвен крст Гевгелија и го најавија своето групно учество.
Членовите на Навивачката група „Фантоми“ изразија спремност во иднина да се приклучат на што повеќе вакви настани, а и самите да организираат крводарителска акција помеѓу своето бројно членство.
Организааторот е задоволен од одзивот на граѓаните – собрани се 81 крвни единици.
Настанот се одржа во салата на Народниот театар во Гевгелија.
Овде, во знак на благодарност беа доделени Плакети на крводарители кои над 50 пати ја дарувале драгоцената течност за да спасат нечиј живот. Тоа се: Блаже Здравковиќ. Драган Делев, Горан Трајков, Никола Лазаров и Мите Ангелов. Плакетите им ги врачи градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.
Плаќети на крводарители со остварени 10, 15 и 25 крводарувања врачи секретарот на ЦК Гевгелија Лазар Мешков, а добитници се по пет граѓани од секоја крводарителска категорија, односно вкупно 15 носители на Плакети за благодарност.
Среќен ден на сите крводарители – наши ценети граѓани, хуманисти!