Ова е прва меѓународна трка годинава на која зедоа учество атлетичарите од АК „7-ми Номеври“ Гевгелија. Како што биваат работите кај комшивски настапи, бројкатана учесници беше заводна, вкупно 43 тркачи ги „газеа“ тркачките траси на Катерини.
Од медалистите ќе ги пофалиме:
– РИСТО ЧАЛКОВ – Прв во трката на 21 километар во својата категорија, а 10ти во генерален пласман; и
– АТАНАС ЕПОВ – Второ место, сребрен медал на трката на 5 километри.
Во првите 10 се пласираа и нашите Марјан Туртуров и Никола Ковачев.
На Меѓународната трка за Мир учествуваа над 700 атлетичари од Балканот и Светот, а гевгелиските атлетски сили достојно се претставија меѓу овие атлетски избраници.
На трката Pieria Runners „ZEUS“: „KATERINI RUN 2023“ се трчаше полумаратон од 21,1 километар, трка од 5,05 километри, и трка од 1.000 метри наменета за децата до 12 години.
Единаесетмина гевгелиски атлетичари ги биеја силите на трката од 21,1 км, двајца млади на трката од 1 км и останатите и најбројни беа учесници на трката од 5,05 км. Сите успешно ја истрчаа својата зацртана натпреварувачка траса.
За Гевгелија е важно што гевгеличани каде и да се појават на атлетските терени освојуваат подиуми и медали.
Честитки!