сабота, 10, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Почина актерот Димче Мешковски

На 78 години почина македонскиот театарски, филмски, телевизиски актер и хуморист, Димче Мешковски

март 21, 2023
in MАКЕДОНИЈА, SHOWBIZ
Почина актерот Димче Мешковски
0
SHARES
104
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од „Драмски театар“ – Скопје информираа дека на 78 години почина македонскиот театарски, филмски, телевизиски актер и хуморист, Димче Мешковски.

Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје . Целиот актерски век го помина во Драмски театар – Скопје, а остана препознатлив по неговите улоги во претставите „Диво месо“, „Солунски патрдии“ и „Хамлет од Долно Гаштани“.

Related posts

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

јуни 9, 2023
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

јуни 8, 2023

Неговиот лик беше препознатлив и по улогите на телевизиските продукции, како серијалите „Македонски народни приказни“, Солунски патрдии“, „Чук-чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Трст виа Скопје“, „Големи и мали“, „Во светот на бајките“…

Тој ќе остане запаметен и по улогите во филмовите „Републиката во пламен“, „Македонски дел од пеколот“, „Колнати сме, Ирина“, „Шеќерна Приказна“, „Диво месо“, „Среќна нова ’49“, „Болва во уво“, „До балчак“, „Трето полувреме“, и „Викенд на мртовци“, но и радио-драмите и хумористичните серии „Хихирику“.

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови како Гаргамел во „Штрумпфови“, во „Попај“, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, како „13-ноември” и „Ристо Шишков”, како и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Од „Драмски театар“ известуваат дека комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12 часот напладне.

За здравствените проблеми, не криеше дека листата е долга, но храбро се носи со нив. Преживеал мозочен удар, одел на дијализа, имал четири бај-паса, опериран колк… Не криеше и дека е горд на ќерките Јасна и Наташа, како и на внуката, на која и беше посветен во последните години.

Мешко зад себе има над 6.000 одиграни претстави, а заедно со колешката Мара Попара, која почина пред неколку месеци, имале повеќе турнеји во Австралија, Канада и Америка.

Лани по четири години минати во САД се врати во Македонија и раскажа дека е среќен што луѓето уште го препознаваат.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Денеска е Меѓународен ден на среќата!

Next Post

Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Next Post
Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Борбата на Симона со ракот на дојка заврши со пораз на 31 годишна возраст

Борбата на Симона со ракот на дојка заврши со пораз на 31 годишна возраст

5 месеци ago
Денеска е Прочка, ден за меѓусебно простување

Денеска е Прочка, ден за меѓусебно простување

3 месеци ago
„Принцезата од Милци“ претставена на изложба во Чикаго

„Принцезата од Милци“ претставена на изложба во Чикаго

2 месеци ago
Запленето злато на ГП „Богородица“

Запленето злато на ГП „Богородица“

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023
  • ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!
  • Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

јуни 10, 2023
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist