сабота, 10, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром

Вредноста на запленетото непријавени злато е околу 2,3 милиони евра

март 21, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром
0
SHARES
96
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.

Related posts

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

јуни 9, 2023
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

јуни 8, 2023

– По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.

Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрагата. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија.

Кутиров напомена дека во 2022 година се забележува двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија по сите категории, во однос на 2021 година.

– Споредено со 2021 година кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на над осум тони дроги и психотропни супстанци, како и заплена на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиони евра. Од нив, во пет случаи се запленети 33,8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1,5 милиони евра. Златото е предадено на Агенцијата за управување со одземен имот, која понатаму го депонира во Народната банка до правосилно завршување на судската постапка, рече Кутиров.

Како што информираше таа, од почетокот на оваа година имало вкупно 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои два случаи со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, девет случаи со заплена на акцизни стоки, тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле, три случаи на заплени на девизи во вкупен износ од над 90 илјади евра, како и два случаи на заплена на злато, вклучувајќи го и овој денес, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Next Post

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

Next Post
„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Марија Шерифовиќ со нова песна и најскап спот на Балканот вреден 75.000 евра

Марија Шерифовиќ со нова песна и најскап спот на Балканот вреден 75.000 евра

6 месеци ago
Ученикот Никола Најдоски -II место на Државен натпревар

Ученикот Никола Најдоски -II место на Државен натпревар

1 месец ago
Реакции за масакрот во белградско училиште:  Како дојдовме до тоа дете да убива деца!?

Реакции за масакрот во белградско училиште: Како дојдовме до тоа дете да убива деца!?

1 месец ago
Што ти сме криви ние?

Што ти сме криви ние?

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023
  • ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!
  • Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

јуни 10, 2023
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist