недела, 11, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

Студиото за модерни танци „SWЕET DANCE“ од Богданци освои три награди на меѓународниот танцов натпревар во Србија - дома се вратија со два златни пехари и еден сребрен за освоени две први места и едно второ место.

март 21, 2023
in SHOWBIZ, ФОКУС
„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp
Студиото за модерни танци „SWЕET DANCE“ од Богданци освои три награди на меѓународниот танцов натпревар во Србија – дома се вратија со два златни пехари и еден сребрен за освоени две први места и едно второ место

Првото ЗЛАТО им припадна на  девојчињата кои настапуваа во категоријата „Street dance show formation children“ каде настапија вкупно девет групи, но аплаузите и заслужените бодови од жирито им припаднаа на девојчињата од Богданци.

Второто ЗЛАТО го освоија во категоријата B, која се однесуваше на „Hip hop formation juniori“. Овде од вкупно пет натпреварувачки групи најдобар беше настапот на танцовиот состав на „SWЕET DANCE“.

Related posts

ПЕТ награди за средношколците од Гевгелија на Државниот натпревар по биологија

ПЕТ награди за средношколците од Гевгелија на Државниот натпревар по биологија

мај 10, 2025
ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

мај 10, 2025

Третата освоена награда беше СРЕБРЕН пехар за освоеното ВТОРО место во категоријата „B Hip hop formation adults“ каде од вкупно три натпреварувачки групи екипата од Богданци беше второпласирана.

Комплетниот состав на „SWЕET DANCE“ се состоеше од 34 девојчиња поделени во три групи секоја со своја изведба, значи вкупно три изведби со три различни кореографии.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2023/03/10000000_6027627340686353_965991745233814475_n.mp4

Заслугата за целиот успех освен трудот на девојчињата е и на менторката Тина Тренчевска која за GevgelijaNET открива дека како танцово студио постојат од поодамна.
– „Како кореограф многу одамна пред да се формира студиото се натпреварувавме како групи со различни имиња. Подоцна, во март 2015 година се оформивме како Студио за модерни танци „SWЕET DANCE“. Значи овој месец одбележуваме осумгодишнина од нашето постоење под името „SWЕET DANCE“.

Студиото за модерни танци „SWEET DANCE“ од Богданци постои од 2015 година
Тина Тренчевска – основач на Студиото за модерни танци „SWEET DANCE“ Богданци, воедно ментор и кореограф

Детската желба за дружење и игра, но и сценски настапи кои наликуваат на модерните изведби од спотовите на светските музички ѕвезди привлекоа интерес за членување и следење на програмата на Студиото за модерни танци во Богданци под менторство и кореографија на Тина.

– „Во моментот студиото го посетуваат 60 деца, сите од женски пол. Има и 20 возрасни кои вежбаат „зумба“ и „fitness dance“. Сите членови настапија на традиционален Новогодишен концерт кое студиото го подготвува со своите членови за локалната публика“ – вели Тина.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2023/03/10000000_6075694835850343_5366613928832309326_n.mp4

Таа е горда на својата работа која на сцената ја презентираат вредните членки на Студиото и освојуваат заслужени аплаузи и награди на државни и меѓународни натпревари.

– „Пехарите од Србија не ни’ се први, туку со нив ја дополнуваме витрината со нашите освоени награди. Настапивме во Скопје на Интернационалниот „Dance OFF“, настапивме во Бар, Црна Гора на „Mediteranean Best Dance“, во Ниш, Србија на „International Dance OFF“. Последниот во Лазаравац, Србија на „Internatonal Dance Zone“ … И здравје, има многу други натпревари за кои добиваме покани за учество, но за кои ќе се подготвиме добро и ќе бидеме спремни, на тие ќе учествуваме“ – вели гордо за изминатиот труд и меѓународното учество на Студиото за модерни танци од Богданци, менторкта и кореограф Тина Тренчевска.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2023/03/10000000_6423494424336807_6641861201678462103_n.mp4

За инспирацијата за работи со деца, со млади, со музиката и танцот, Тина нескромно открива дека премногу ја сака музиката:
– „Танцувам од дете, па подоцна ми се појави желба и да работам со деца од мои 14 години.
Наградите на витрините зборат дека Тина тоа задоволително го прави веќе 24 години од својот живот.
– „Што значи, ги сакам децата и сакам да ги учам да танцуваат. Децата се благослов“.

Еве, уште спомени од вредните и наградувани девојчиња од „SWЕET DANCE“ Богданци.

Девојчињата од SWEET DANCE – Богданци после победничкиот настап во „Dance Zone“ на натпреварот во Србија
Заслужените медали и победнички пехар за девојчињата од „SWEET DANC“E од Богданци на Интернационалниот натпревар во Србија 2023 год.

Студиото за модерни танци „SWЕET DANCE“ со успешниот настап и освоените пешари на Интернационален натпревар во Ниш

Ова се последните освоени пехари на „SWЕET DANCE“ – сите гордо блескаат за успешниот настап на овие вредни девојчиња.

Трите освоени пегари на Студиото за модерни танци „SWЕET DANCE“ од Богданци на Интернационалниот натпревар одржан во Србија

ЧЕСТИТКИ до вредните девојчиња од „SWEET DANCE“! Продолжете со успесите!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром

Next Post

Економските потенцијали на Гевгелија презентирани пред дипломатите на 23 земји

Next Post
Економските потенцијали на Гевгелија презентирани пред дипломатите на 23 земји

Економските потенцијали на Гевгелија презентирани пред дипломатите на 23 земји

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата Дојран-Фурка

Тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата Дојран-Фурка

1 година ago
Подмладокот на ФК„Кожуф“ генерација 2012 стаса до 1/4 финале на меѓународен куп во Србија

Подмладокот на ФК„Кожуф“ генерација 2012 стаса до 1/4 финале на меѓународен куп во Србија

1 година ago
Две победи на подмладокот на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Грција

Две победи на подмладокот на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Грција

2 години ago
Осумдневна програма за 80 години слободна Гевгелија

Осумдневна програма за 80 години слободна Гевгелија

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ПЕТ награди за средношколците од Гевгелија на Државниот натпревар по биологија
  • Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево
  • ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ПЕТ награди за средношколците од Гевгелија на Државниот натпревар по биологија

ПЕТ награди за средношколците од Гевгелија на Државниот натпревар по биологија

мај 10, 2025
Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево

Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево

мај 10, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist