Дипломатски караван оставен од 9 амбасадори и претставници на уште 14 земји со свои дипломатско-конзуларни претставници за нашата земја со седиште во соседните земји, вчера беше во посета на општина Гевгелија со цел запознавање на економските капацитети на нашата општина .
Настанот беше во организација на Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој, а беа презентирани економските потенцијали на Општина Гевгелија и можностите за инвестирање.
Дипломатско-економскиот карван го сочинуваа амбасадорите на: Аргентина, Косово, Италија, Монголија, Белгија, Јапонија, Египет, Шпанија и Австралија, како и економски советници од 14 амбасади во Скопје, Софија и Белград. Исто така, на средбата присуствуваа претставници на: МНР, Бирото за регионален развој, Центарот за развој на ЈПР, УГД „Гоце Делчев“ од Штип, како и бројни гости од Општина Гевгелија.
Домаќин беше општина Гевгелија и од името на општината гостите ги поздрави градоначалникот Андон Сарамандов, сите присутни на настанот во х. „Аполонија“.
Пред присутните дипломатски претставници, раководителката на Секторот за урбанизам, градежништво и просторно планирање при Општина Гевгелија, Ирена Томчев, ги презентираше идејните проекти за урбанизирање на просторот и уредување на туристичка населба крај браната „Конско“, за ревитализација на Старата чаршија во Гевгелија, заради заштита на ова значајно културно наследство, како и за поголема искористеност на геотермалните води кај Смоквица за потребите на земјоделството, но и воопшто за затоплување на станбените и други објекти.
Ппред дипломатите и економските претставници своите производни капацитети и можности за инвестирање ги презентираа и компаниите „Конти Хидропласт“, винаријата „Ригоимпекс“ и „Вори“. УГД „Гоце Делчев“ од Штип, ги презентираше активностите и можностите што ги нуди Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија., во продукција на кадри кои го одржуваат градот на југот како туристичка дестинација за сите добронамерни гости.