сабота, 10, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

„Mystic dance“ од Гевгелија со шест освоени златни трофеи од Интернационален танцов фестивал во Србија

Танцовото студио „Mystic dance“ од Гевгелија под раководство на Александар Аврамов деновиве се врати со шест освоени златни пехари и 51 златни медали од Србија

март 22, 2023
in ФОКУС
„Mystic dance“ од Гевгелија со шест освоени златни трофеи од Интернационален танцов фестивал во Србија
0
SHARES
580
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Танцовото студио „Mystic dance“ од Гевгелија под раководство на Александар Аврамов деновиве се врати со шест освоени златни пехари и 51 златни медали од учеството на „International dance open Belgrade 2023“ кој се одржа во Србија.
Вкупно учествуваа 37 девојчиња и сите се закитија со злато, но младинскиот состав (14 членови) настапи 2 пати и сите освоија по две златни медали од своите златни настапи на подиумот. 
Менторот и кореограф Александар Аврамов, за овој значаен успех за GevgelijaNet.com изјави:

– „На последното издание на „International dance open Belgrade 2023“ освоивме 6 први места во сите категории во кои се пријавивме, и тоа:
– Соло бејби хипхоп,
– Соло мини деца хипхоп,
– Група деца Хипхоп,
– Формација деца „Стрит шоу“,
– Формација Младинци хипхоп и
– Формација Младинци „Стрит шоу“.

Related posts

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023
Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

јуни 9, 2023

На натпреварот учествуваа 37 членови на студиото во четири возрасни категории и својата танцова доминација ја истакнаа пред 3.000 натпреварувачи од девет земји кои учествуваа на интернационалниот денс подиум.

Ја издвојуваме најмалата од учесничките и наградените на натпреварот во Белград – тоа е 5-годишната Матеа Џурановиќ Костадинова која позира со освоениот трофеј и знамето на „Мистик денс“.

– „Мистик студиото постои од почетокот на 2008 година, најпрво како секција за урбани танци во состав на Пионерски дом Гевгелија. Како основач и кореограф на студиото можам да кажам дека изминативе 15 години сме работеле на неколку стотици кореографии и секоја кореографија која била јавно изведена е наше оригинално дело. Децата ја следат урбаната музика и преку танцот се обидуваме да ги поттикнеме да ја доживуваат истата малку поактивно; свесни сме дека децата поминуваат предолго време во неактивност, па преку музика и танц допринесуваме за нивно правилно развивање“ – ни’ изјави Аврамов за потикот и мотивите да работи со децата во областа на танцот.

Ви претставуваме уште една мала носителна на златен трофеј од танцовиот натпревар во Белград, тоа е 6-годишната Елизабета Капсарова.

Нема промашување и во претставувањето на формацијата со Мистик Кидс во категоријата “MTV commercial formation kids”.

Еве ја целокупната гордост од фестивалската жетва на награди на „Мистик денс“ од Гевгелија на подиумот во Белград.

– „Особено сме горди на двете учества на гала-настанот. Се надеваме дека во блиска иднина ќе се најдеме и на пиедесталот на овие вечери, изјави по натпреварот Аврамов. Особено е голема гордоста што нашите деца без проблем се искачија до врвот освојувајќи го ПРВОТО МЕСТО и се пласираа во „ТОП 30“ најдобри настапи на @internationaldanceopen во категоријата “hip hop formation kids” – изјави Аврмов.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2023/03/10000000_8848305565243551_6268609150947595046_n-1.mp4

Со 15 годишната танцова традиција зад себе ова не е прво злато за гевгелискто танцово студио, но е дефинитивно најбројната „Златна жетва на награди“ на еден Интернационален фестивал. За постигнувањата, за наградите, за трофеите Александар Аврамов скромно изјави:

– „Мистик студио подолго време е дел од домашните и меѓународните натпревари. Наградите ни’ се секогаш драги, но и поразите се тука да не’ научат да работиме подобро. Покрај натпреварите, секогаш најголемо внимание им придаваме на настапите пред домашната публика, како на поголемите спортски настани, а особено завршните концерти на студио „Мистик“ кои традиционално се одржуваат секоја година во втората половина на месец јуни.

Честитки за гевгелиските прваци!

Комплетниот состав на „Mystic dance“ од Гевгелија со својот кореограф Александар Аврамов од престојот во Белград, Србија
ShareTweetShareSend
Previous Post

Малолетник заработи Кривична пријава за тероризам

Next Post

Шкариќ: Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите етнички заедници

Next Post
Шкариќ: Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите етнички заедници

Шкариќ: Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите етнички заедници

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пристигнува Сахарски прав во воздухот во Македонија

Пристигнува Сахарски прав во воздухот во Македонија

4 месеци ago
Испратена помош за македонците од Албанија

Испратена помош за македонците од Албанија

5 месеци ago
Фамилија Трајковски од Миравци доби еднократна помош за опожарената куќа од Општината

Фамилија Трајковски од Миравци доби еднократна помош за опожарената куќа од Општината

4 месеци ago
Приведени криумчари на мигранти, двајца од Богданци и еден од Скопје

Приведени криумчари на мигранти, двајца од Богданци и еден од Скопје

3 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023
  • ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!
  • Гевгелиски ученици од угостителска струка освоија 10 медали

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

Дојран домаќин на Националното првенство во Триатлон 2023

јуни 10, 2023
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

јуни 10, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist