четврток, 4, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Шкариќ: Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите етнички заедници

Во интервју за Телма проф. Шкариќ истакна: „Добро би било да се движиме на патот кон ЕУ со внесување на Уставните промени“

март 23, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Шкариќ: Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите етнички заедници
0
SHARES
189
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Шкариќ во Топ Тема за евентуални уставни промени дециден: „Бугарите не може да бидат привилегирани во однос на другите малцински заедници“

Во однос на прашањето на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав, професорот по Уставното право, Светомир Шкариќ, во синоќешната „Топ Тема“, изјави дека станува збор за чувствителна тема, за која се води дијалог во лош амбиент.

Related posts

Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

септември 2, 2025
Лишени од слобода жители на Богданци, Штип и Кр.Паланка

Лишени од слобода жители на Богданци, Штип и Кр.Паланка

август 29, 2025

– „Веројатно другата страна и бара ние да не можеме да го исполниме тој услов  (вметнувањето на бугарите во преамбулата на Уставот) за да може да не’ држат во почетна позиција. Сега е прашање дали Македонија има доблест и ум тоа да го сфати и да направи таков чекор кој ќе го отвори патот кон пристапните преговори“ – оцени реномираниот професор по Уставно право Светомир Шкарќ.

Шкариќ изјави дека за него е сосема јасно дека ставот на актуелното бугарско раководство кон Македонија е неприфатлив за нас, но додава дека сега треба да се размисли и да се види како владата ќе го елаборира тоа прашање.

https://www.youtube.com/watch?v=mmJOYLFBSfI

–„Третманот на бугарите не може да биде привилегиран во однос на другите малцински заедници. Ако ги има 3.500 или 3.600 колку што се регистрирани во пописот, нивната присутност во државната структура ќе биде соодветна. Никаква друга привиегија не може да добијат“ – изјави професорот Шкариќ синоќа на Топ Тема на Телма.

Тој јасно го нагласи пожелниот пат за иднината на Македонија:

– “Добро би било да се движиме на патот кон ЕУ со внесување на Уставните промени според пропишаните Уставни озредби.”
На прашањето на новинарката дали со внесувањето на бугарите во Уставот, бугарите велат ќе се докаже тезата “Две држави, еден народ”, Шкариќ одговори:

– „Ако бугарите се вметнат во Преамбулата на Уставот, а македонскиот народ стои на почетокот на преамбулата, а бугарите се внесат како етничко малцинство од бугарскиот народ, со тоа Македонскиот народ ќе се разликува од бугарскиот народ. Ова оди во наш прилог. “

Новинарката го дополни прашањето: “Што добиваат тогаш бугарите со вметнување во преамбулата на Уставот?”

Шкариќ: – „Добија разбирање од ЕУ во однос на човековите права. А, кога ќе се осврнеме на човековите права кај нив, тогаш паѓаат во контрадикторност.
Македонија многу ќе добие со пристапните преговори“ – беше дециден професорот.

Тој истакна дека и Хрватска се соочила со истото прашање за вметнување на етничките малцинства во Уставот. Пред воените дејствија Хрватскиот устав имал вградено 7 етнички малцинства. По етничките војни на тие простори тие во Уставот додале уште 21 етнички малцинства. Дури и Бугарите, Русите и Украинците кои немаат никаква врска во создавањето на државата. Но, тоа го сторија Ги признаа правата на етничките малцинства и сега се дел од Европската Унија. Правата на малцинствата не треба да зависат од нивниот број, објасни Шкаиќ во интервјуто за Телма.

Во Македонија во моментот има регистрирани здруженија на 20 етнички малцинства кои не се споменати во преамбулата на Уставот на државата и се подведуваат под одредницата „и други етники малцинства“.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

„Mystic dance“ од Гевгелија со шест освоени златни трофеи од Интернационален танцов фестивал во Србија

Next Post

Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

Next Post
Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

Гевгелија домаќин на Државниот Мотокрос Шампионат 2023

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Тешко повредена велосипедистка при сообраќајка во Гевгелија

Тешко повредена велосипедистка при сообраќајка во Гевгелија

2 години ago
120 години од погибјето на ЛЕОНИД  ЈАНКОВ – ВОЈВОДА од Гевгелија (1878-1905)

120 години од погибјето на ЛЕОНИД ЈАНКОВ – ВОЈВОДА од Гевгелија (1878-1905)

2 дена ago
“Music soul” од југот на Македонија замина на „Римини Фест“ во Италија

“Music soul” од југот на Македонија замина на „Римини Фест“ во Италија

1 година ago
Mлади гевгеличани на мостот на Вардар

Mлади гевгеличани на мостот на Вардар

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025
  • Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година
  • Хероите на Дојран, Бранко и Самир го исчистија каналот од системот за полнење на Дојранското езеро

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

НИКОЛА ПЕЕВ и ТАМАРА ГОШЕВА – репрезентативци на Македонија на Европски пара-атлетски натпревар 2025

септември 3, 2025
Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Новак Ѓоковиќ испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

септември 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist