На овој ден пред 5 години др-Ѓорги Петков специјалист инфектолог од Гевгелија замина во освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.
Неговата алпинистичка мисија беше со радост одобрена и со радост и желби за успех испратена од членовите на матичното планинарско друштво ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија во просториите на друштвото.
Доктор Петков беше на своја 63 годишна возраст и неуморен алпинист. По освоени пет врвови во пет светски континети, тој се упати кон „Покривот на светот“ како што го нарекуваат Еверест.
За жал, неговата мисија заврши на 1.000 метри до самиот врв од кардиа арест. Се спои со висините, таму каде што се стремеше неговиот неуморен спортски-алпинистички дух. После Монт Еверес за GevgelijaNet.com најави искачување на највисокиот врв на Антарктикот за да ја докомплетира својата светска листа на искачени врвови.
На поход кон искачување на Монт Еверест доктор Ѓорги Петков тргна на 24 март 2018 година, а според планот требаше до крајот на мај да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил врвот на светот.
Видеото е последното обраќање до јавноста на д-р Петков даден за порталот GevgelijaNet.com пред заминувањето на меѓународната алпинистичка експедиција за освојување на највисокиот врв на Хималаите. Тој беше среќен возбуден, полн со оптимизам и исполнетост за делото кое му претстои на патот до „Капата на светот“.
Во спомен на гевгелискиот патник Д-р Петков кој стаса највисоко од сите.