Како и до сега последната недела од март стапува со примена летното сметање на времето.
Ова го потврди Владата со донесување Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година.
Во одлуката се вели дека – Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март (недела ) во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.
Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.
Потребата од донесување на оваа одлука е согласно Законот за сметање на времето и е во согласност со европски регулативи.