Ладниот најавуван бран кон средината на оваа недела, значи среда, во Гевгелија донесе само дожд и пријатна дневна температура од 10 степени целзиусови.
Дожливиот ден донесе воден талог од 21 литри на еден метар квадратен во период од 12 часа, измерени во мерниот пункт во Гевгелија од 07 до 19 часот.
Двоцифрен број на дождовна маса има наврнато денеска и во Струмица 12 литри/м2 за 12 часа. Следуваат 8 л/м2 во Радовиш/Пожар, 7 л/м2 во Берово и по 6 литри во Виница и Крива Паланка.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од петок ќе има стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Засега нема најава за снег и снежно бела Новогодишна ноќ.




















