Проблеми со санката на Дедо Мраз – не можела да вози по дожд. ДЕДО МРАЗ НЕ ДОАЃА ВЕЧЕРВА!
Поради ова, актуелните временски прилики, манифестацијата „Новогодишен Базар“ закажана со старт за денеска во Гевгелија, се одлага за два дена и ќе започне во петок, 26 декември во 17:30 часот кога ќе пристигне белобрадиот старец по кого се радуваат сите деца зошто носи подароци, слатки и бонбончиња.
Потоа ќе настапат девојчињата од танцовото студио „Mystic dance“.
Новогодишниот Базар ќе се одржува секој ден во центарот на градот со почеток од 16 часот (утре), а следните денови од 17 и 18 часот.
За време на Новогодишната ноќ ќе има празнична музика цел ден се’ до дочекот на Новата 2026 година.

Eве ја официјалната програма која со измените ја најави организаторот, Општина Гевгелија:
26 декември (петок)
17:30 – 20:00 часот: Дедо Мраз & Mystic Dance
27 декември (сабота)
16:00 – 18:00 часот: Детски музички фестивал „Калинка“
18:00 – 20:00 часот: DJ Razal Vetalj & DJ Licen
28 декември (недела)
17:00 – 18:00 часот: Ансамбл „Бојмија“
17:00 – 20:00 часот: Face painting за деца
29 декември (понеделник)
18:00 – 19:00 часот: Кристијан Бенито (аниматор за деца и жонглер)
30 декември (вторник)
18:00 – 19:00 часот: Кристијан Бенито (аниматор за деца и жонглер)
31 декември (среда)
Празнична музика – цел ден




















