сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Давитко Велковски – првиот народен кројач од Гевгелија

Познат е меѓу гевгеличани како Витко шнајдерот, присутен со својата стручност и умешност цели 57 години во Гевгелија, уште од 1968 година кога од Куманово се преселува да живее и работи во Гевгелија

декември 24, 2025
in OД НАШ АГОЛ
Давитко Велковски – првиот народен кројач од Гевгелија
0
SHARES
1.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Еволуцијата на човекот вели дека облекувањето е човечка придобивка стара милиони години, уште кога првиот човек се симнал од дрвото на земја, кога најпрво се облекувал со лисја од дрвјата, а потоа кога се научил да лови и со кожи од животните.

Современото општество на облекувањето му дава модна димензија, а високиот тренд на побарувачка ова го претвори во профитабилна индустрија.

Related posts

Џоко Дојранлиев – првиот пица мајстор во Гевгелија

Џоко Дојранлиев – првиот пица мајстор во Гевгелија

септември 23, 2026
ВИДЕО: Сеќавање за ДИМИТАР  ГАСПАР  (1938-2012)

ВИДЕО: Сеќавање за ДИМИТАР ГАСПАР (1938-2012)

септември 17, 2026

Првиот растеж на граѓанските модните трендови меѓу населението во Гевгелија започнуваат после Втората Светска Војна. Се остручувале и „кројачи за народна облека“ кои ние ги знаеме како шнајдери.

Меѓу најстарите во Гевгелија го бележиме Давитко Велковски, познат меѓу гевгеличани како Витко шнајдерот, присутен со својата стручност и умешност уште од 1968 година кога од Куманово се преселува да живее и работи во Гевгелија.

Давитко поседува Уверение за „кројач за народна облека“ издадено уште во 1966 година, со кое се стекнал на негова 21 годишна возраст полагајќи за неговата стручност пред комисија при Одделението за стопанство при Собранието на општина Куманово.

Давитко е роден 19.01.1945 година во село Куклица, општина Кратово, а на 18 годишна возраст, во 1963 заминува да го учи кројачкиот занает во Куманово. Овде се стекнува со потребните вештини и чувствувајќи се усовршен во новиот занает се преселува да живее и работи во Гевгелија каде го помина целиот работен и семеен живот.

Овде во Гевгелија го отворил својот занаетчиски дуќан во Старата градска чаршија „Кројач Шизик“ каде работел од 1968 до 1970 година. Подоцна занаетчискиот дуќан го сели на главната улица во Гевгелија, „Маршал Тито“, или сегашен „Житко“ на градското шеталиште во центарот на Гевгелија. Веројатно локацијата ја избрал за поголема видливост и близина со прометот на потенцијални муштерии.

Од 1970 година, со отварањето на големата Стоковна куќа во Гевгелија Давитко се вработува како продавач, шеф на одделение (ги познаваше штофовите, материјалите за шиење), каде љубезно ги објаснуваше карактеристиките на материјалите, нивниот состав, знаеше колку материјал ти треба за панталони, колку за сукња, можеше да си одбереш материјал каков сакаш, без да отидеш за мерка кај шнајдер, Давитко ќе одговореше на сите прашања. Подари својата професионална одговорност во текот на работниот век беше распоредуван и на други одговорни работни позиции, се’ до затварањето на Стоковната куќа.

Сепак, Давитко напоредно работеше во својот шнајдерски дуќан и никогаш не се откажа од шиењето. Направи само нова преселба на работилницата веднаш до својата куќа каде што живееше на улица „Серменинска“ во Гевгелија. Старите муштерии го знаеја неговиот посветен труд и не забораваа да го посетат за услуга и во новиот дуќан на ул.„Серменинска“. Новите генерации, ако не за шиење костум одеа на поправки на свечените оддела по мерка на муштеријата. Работата не ја напушташе Витко, а и муштериите не го оставаа без работа. Овде беше активен се’ до крајот на својот живот, на полни 80 години старост. Минуваше часови опкружен со работата што ја сака, со луѓето кои ја ценат неговата дејност, со граѓаните кои го почитуваат, со неговата сакана фамилија.

Витко се одјави на 20 декември 2025 година во раните утрински часови. Помина живот со среќни и успешни моменти и до последниот ден ја обавуваше неговата професионална стручност да биде КРОЈАЧ на народот, да го облакува народот, да ги прифати модните трендови и да ги усреќува со модерен изглед своите сограѓани, муштерии.

Давитко Велковски, кратовчанец со Стручно Уверение од Куманово, со 57 годишна работна и животна мисија во Гевгелија, кројач кој ги облекуваше господата и госпоѓите и самиот секогаш беше беспрекорен во облекувањето, стандардно со кошула и панталони. Никогаш не го прифати кежуал трендот со блузички и маици, бедрмуди, шорцеви. Остана секогаш доследен на тоа што го работи, тоа и да го носи.
Откако се одјави минатиот петок, во топлиот декемвриски ден, беше погребан на градските гробишта во Гевгелија на 20 декември. Вчера му беше оддаден тридневен помен.

Мисијата на кројачкиот занает, на шиењето, моделирањето, облекувањето, во неговиот постоечки дуќан, сега ја превзема неговата снаа, продолжувајќи ја традицијата на шивачкото занаетчиство кое трае речиси шест децении во фамилијата Велковски.

Давитко Велковски (1945-2025)
Кројач и шивач, 57 години мајсторуваше со „Singer“
Вечен ти спомен мајстор Витко

Вечен ти спомен мајстор Витко!

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Средошколскиот тим од Гевгелија ПРВИ на Зонски турнир во кошарка

Next Post

ДЕДО МРАЗ НЕ ДОАЃА ВЕЧЕРВА!

Next Post
ДЕДО МРАЗ НЕ ДОАЃА ВЕЧЕРВА!

ДЕДО МРАЗ НЕ ДОАЃА ВЕЧЕРВА!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Кога мажите плачат во Кочани

Кога мажите плачат во Кочани

2 години ago
Поевтинуваат дизелот и нафтата за домаќинствата

Поевтинуваат дизелот и нафтата за домаќинствата

4 години ago
Во Гевгелија одржан Собир на предвреме родените деца од  регионот

Во Гевгелија одржан Собир на предвреме родените деца од регионот

2 години ago
Апокалиптични сцени од пожарот во Лос Ангелес, Холивуд и лукузната област Пaлисадес

Апокалиптични сцени од пожарот во Лос Ангелес, Холивуд и лукузната област Пaлисадес

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist