Ученичкиот кошаркарски тим од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија стана ПОБЕДНИК на зонскиот турнир во кошарка, што се одржа минатата недела.
Средношколците од Гевгелија остварија две победи и тоа:
1. СОУ„Јосиф Јосифовски„ Гевгелија 31 – СОУ„Богданци“ Богданци 27 и
2. СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија 36 – СОУ „Гоце Делчев“ Валандово 25.
Беше одигран и натпревар помеѓу средношколските тимови од Богданци и Валандово кој заврши со резултат:
СОУ „Богданци“ Богданци 26 – СОУ„Гоце Делчев“ Валандово 20.
Со ваквите резултати на терен, за ПОБЕДНИК на турнирот е прогласен СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија со што се пласира за настап на Регионален турнир во кошарка за средношколци.
Наставници/ментори на школските екипи: Караџовски Димитар, Кондурџиев Петар, Семенаков Влатко и Митков Слободан.
Натпреварите се одржаа под покровителство на ФУСМ (Федерација на училишен спорт на Македонија).
Инаку, да потсетиме, средношколскиот тим од Гевгелија е Државен првак во баскет 3х3, потоа Шампион во зонско, шампион на Републички натпревар, и ВИЦЕШАМПИОН на Државен натпревар по кошарка за учебната 2024/2025.
Ете, победите се нижат и во оваа учебна година. СРЕЌНО!




















