Талентираниот осум годишен фудбалски интернационален првенец од Гевгелија, малиот Јован Насев, како што се очекуваше, ја заврши есенската полусезона во Детската лига во Грција со трофејот за „Најдобар стрелец“ и „Најдобар играч“ во лигата.
Тој на последниот натпревар на Грчкиот шампионат во фудбал за деца им донесе победа на своите соиграчи и клубот во кој настапува „AEP ACADEMY PAOK“ во категорија UNDER 11. Во целиот есенски дел од шампионатот во реонот на Солун тој постигна 21 гол и реализира 7 асистенции, со што ги заслужи уверено почесните трофеи за „Најдобар стрелец и најдобар играч во тековната полусезона на шампионатот“ сезона 2025.

Претходната недела Јован настапуваше и на фудбалски турнир во Солун каде ги вкрсти копачките со многу квалитетни тимови: „Паниониос“ – еден од најголемите во Грција, а тимот на Јован „AEP ACADEMY PAOK“ настапи во групата со ФК „Паниониос“, ФК „Одисеја“, ФК „Кампани“, сите доста квалитетни клубови со свои академии за фудбал за деца.
Ова е голот што го постигна Јован против ФК „Оисеја“ за водствоод 2:1, а следното видео е снимка од асистенцијата на Јован за водство против ФК „Одисеја“ од 3.1.
Тимот на Јован од Гевгелија, „AEP ACADEMY PAOK“ го завзеде ВТОРОТО место, веднаш зад ФК „Паниониос“ кој заврши прв со три победи, без пораз, со само еден примен гол и тоа, токму од ЈОВАН НАСЕВ од Гевгелија. Јован имаше уште две шанси за погодок против „Паниониос“, но немаше среќа, промаши. Важно ја затресе гол мрежата на победникот на шампионатот САМО ЈОВАН од Гевгелија.
Погледнете го евроголот на Јован против големиот ФК „Паниониос“:
Тимот на Јован од Гевгелија, „AEP ACADEMY PAOK“ забележа две победи, првата со резултат 3:1 против ФК „Одисеја“ каде Јован постигна 2 гола и една асистенција. Втората победа ја реализираа против клубот ФК „Кампани“ каде Јован постигна еден гол и една асистенција.
Погледнете ја прекрасната асистенција за гол над ФК „Кампани“ реализирана од Јован:
Ова е една успешна полусезона за Јован, со квалитетна завршница и нов трофеј за „Најдобар стрелец“. Натаму само среќа и одржување на талентот за да се радуваме на уште победи од најмалиот спортски интернационалец од Македонија, од Гевгелија, Јован Насев.





















