Претпразничен викенд на Кожуф планина и предновогодишен ручек во рустикалниот амбиент на ,,Серменински чардак“ за штитениците на Дневниот Центар од Гевгелија наменет за лица со посебни потреби.
Да донираш нешто свое е една добрина, а да ги отвориш вратите од својот дом за 20-на лица од Дневниот Центар е добрина од срце која ја поседуваат сопствениците на овој семеен бизнис на падините на Кожуф во с.Серменин, гевгелиско.
Топло гостопримството кое се мери со насмевки, прегратки и убаво поминат незаборавен ден на Кожуф. Најсреќен е Ангел, момчето кое поради својата болест е врзано за кревет, па секоја активност во природа и средби со други граѓани е богатство за неговата душа.
Една ⭐ за хуманост и добрина за “Серменински чардак”, добро здравје и среќа за лицата од Дневниот центар Гевгелија!




















