Апликацијата „Мој ДДВ“ е усогласена за поврат на повеќе пари, откако во понеделникот беа донесени законските измени со кои лимитот од 1.800 се зголеми на 2.100 денари за три месеци, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).
Кај дел од корисниците апликацијата автоматски е ажурирана, додека кај оние што не е, ќе треба да ја преземат најновата верзија.
„Сите корисници на „МојДДВ“ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од „Плеј стор“, „Ап стор“ и „Хуавеи апгалери“. Измените веќе се видливи во апликацијата „Мој ДДВ“ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај“, информираат од УЈП.
Според УЈП, апликацијата „МојДДВ“ ја користат 523 673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.