Два подиума, два пехара за гевгелиските атлетичари на денеска одржаниот полумаратон во Грција, и освоени места од второ до осмо.
На трасата долга 10,4 километри гевгелиските атлетичари се нижеа со резултатите еден до друг. Им промакна само првото место, ама затоа се изборија за:
– сребро – Насе Епов,
– за бронза – Ристо Чалков,
– носител на 4-то место – Влатко Семенаков
– носител на 5-то место – Игор Коцевски,
– носител на 6-то место – Никола Ковачев, и
– носител на 8-мо место – Дарко Прошевски
Од вкупниот број на учесници од АК „7-ми Ноември“ 10 мина атлетичари ја истрчаа трасата, а шесмина се впишаа меѓу првите осум кои пристигнаа на целта.
Ова е голем успех за гевгелиските атлетичари. И на меѓународни натпревари и меморијали трчаат како да бркаат резултат, иако денешниот полумаратон беше Меморијал „Петтата улица на 21 студент“. (5th Street 21 Students,Makrohori)
Организатор на оваа атлетска трка и посветен меморијал на младите студенти е „Макрохори Иматија“ – културно друштво од Грција.