Здрава и лесна закуска за љубителите на домашно подготвени лесни оброци. Погодни за лесна вечер, или појадок.
Потребни состојки:
-2 компира
– 1 голема шољаа исецкан спанаќ, или блитва, сварена
– 1 јајце.
– 1 лажица маслиново масло
– зачини по вкус (сол, босилек)
Подготовка:
Ќе ги сварите компирите. Заедно со исецканиот обарен спанаќ (само додека омекне) и едното јајце (живо), додавате и една лажица маслиново масло, сето тоа го ставате во мултипрактик блендер. Ја промешувате смесата/
Во плех подмачкан и обложен со хартија за печење ја истураме смесата и ја развлекуваме тенко. печеме додека не се стегне кората од спанаќ и компир.
Оставаме испеченото да се олади.
За фил потребно е:
– Павлака,
– ситно исецкани варенo јајцe
– ситно исецкана краставица
Филот слободно го менувајте, овој ролат можеете да го филувате со секој вид на салата на база павлака-мајонез, сирење, кашкавал
Кората ја мачкане со филот од крај до крај. Потоа внимателно ја виткаме во форма на ролат.. Внимателно зошто кората е мека, не содржи брашно и може да се искине. Потоа ролатот се сече на мали парчиња.
Се служи по желба со кисело млеко, павлака, или јогурт.
Добар апетит!