На денеска одржаното Државно првенство во карате за деца од 10 до 13 годишна возраст, членките на карате клубот од Дојран Дарија Џониќ и Михаела Јовановиќ станаа носителки на ЗЛАТЕН медал и на титулата Државни првенки во карате.
– „За прв пат од своето постоење, Општина Дојран може да се пофали со ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО КАРАТЕ!“ – со гордост се пофали на социјалните мрежи градоначалникот на општина Дојран. А.Ангов.
Тој изрази честитки за двете победнички во поединечни борби на Државното првенство за деца од 10 до 13 години во карате – кумите. Со оваа победа, Дарија и Михаела го обезбедија своето членство во карате репрезентацијата на Р.С.Македонија и токму денешните освоени златни медали им ги отворија вратите за учество на Балканското првенство во карате кое ќе се одржи во Бар, Црна Гора, од 26 до 28 мај годинава.
Со овој нов успех, општина Дојран испишува историски успех во карате спортот.
Носителките на Златен медал и Диплома за носител на титулата Државен првак скромно со насмевка позираат после доделувањето на медалите. Дарија и Михаела БРАВО!
Државното првенство за деца во карате се одржа денеска во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка. На истиот учество зедоа 283 натпреварувачи од вкупно 52 клуба.
Честитки за вредните и горди првакињи, честитки и за нивнта посветена тренерка Љиљана Упчева!