Малиот херој од Гевгелија ја победи болеста „Бета Таласемија МАЈОР“ по изведениот третман за пресадување на матични клетки во болницата „Аџибадем“ во Истанбул, Турција.
Тој вчера се врати дома по речиси едногодишен престој на болничко лекување во Турција. Гевгеличани и хуманите луѓе од Македонија помогнаа да ја видиме оваа насмевка на среќа на лицето на Дамјан, донирајќи заедно 60.000 евра колку што беше потребно за целиот болнички специјалистички зафат и третман на Дамјан за да ја победи болеста.
Дамјан се избори за своето здравје благодарение на хуманите луѓе кои заедно со донираните средства му подарија надеж и истрајност, нему и на неговото семејство.
СРЕЌНО ДЕТСТВО за малиот-голем херој кој допре до многу срца во Гевгелија, а сега им возвраќа со насмевка од среќа.
Расти Дамјане голем, горд и здрав!